Огнен Кузмиќ е успешно опериран

Српскиот кошаркар Огнен Кузмиќ е успешно опериран, а хируршкиот зафат беше изведен за да се санираат фацијалните повреди добиени во сообраќајната несреќа која се случи во неделата наутро, пренесуваат од Црвена Звезда. Операцијата на горната и долната вилица била успешна, со што Кузмиќ повторно ќе може нормално да дише.

„КК Црвена Звезда известува дека оперативниот зафат на кој беше подложен Кузмиќ е успешен. Со операцијата се отстранети тешки фацијални повреди кои Огнен ги заработи во тешката сообраќајна несреќа во неделата наутро. Операцијата беше неопходна, бидејќи мораше лицето да се врати во нормална анатомска позиција, со што е овозможено Огнен повторно нормално да дише“, стои во соопштението на Црвена Звезда. 

Од клубот пренесуваат дека Кузмиќ и понатаму е стабилен, но дека се наоѓа во индуцирана кома.

Се вчитува...