Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина информираше денеска владее огромен интерес за билетите за пријателскиот натпревар меѓу БиХ и Македонија кој треба да се игра на 29 мај во Сараево.
Според информациите од ФСБиХ, веќе се продадени с22.000 билети.
„Сакаме да ги информираме навивачите дека претпродажбата на билети за пријателскиот натпревар меѓу Босна и Херцеговина и Македонија, кој ќе се игра на 29 мај 2026 година на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево, е во тек“, соопшти Фудбалскиот сојуз на БиХ.
Досега се продадени околу 22.000 билети, а се верува дека во продажба остануваат уште само околу пет илјади билети. Нема да биде продаван целиот капацитет на легендарното „Кошево“ од безбедносни причини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
