Огромен медиумски интерес за денешниот меч во Порто: Акредитирани и Италијанци кои очекувале Италија да биде во Порто

ЕКИПА во Порто, Португалија

Владимир Булатовиќ

Огромен е интересот од медиумите за денешниот натпревар во Порто, меѓу Португалија и Македонија кој одлучува за пласман на Светското првенство во Катар кон крајот на годинава.

Според информациите од Порто, над 100 новинари се акредитирани за мечот, односно 102 акредитирани новинари, 37 фоторепортери, 8 коментаторски позиции и три радио.

Покрај од Португалија и Македонија, ќе има новинари и од Шпанија, Франција и Англија. Исто така имало акредитирани и од Италија, кои испратиле барања уште пред баражот со Македонија, со надеж дека нивната селекција ќе избори пласман во финалето, но Македонија им ги расипа плановите.

Се вчитува...