Стен Вавринка сепак ќе добие шанса да се збогува со Отвореното првенство на САД на теренот – организаторите на последниот Грендслем во сезоната му доделија посебна покана на трикратниот шампион на турнирот.
Првичната одлука да не му се даде „вајлд карта“ на Вавринка предизвика огромни критики кај тениските фанови. Швајцарецот ја игра последната сезона од својата професионална кариера, а токму во Њујорк во 2016 година освои една од своите три титули на Грендслем турнири, победувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето.
Последната од првично доделените покани му припадна на Американецот Патрик Кипсон, што особено ги налути навивачите. Вавринка дури објави и емотивна порака практично збогувајќи се со Њујорк, заблагодарувајќи им се на турнирот и навивачите за сите спомени.
Сепак, следеше целосен пресврт.
Кипсон мораше да се повлече од Отвореното првенство на САД поради повреда, па организаторите решија да му ја испратат „вајлд картата“ на Вавринка.
Така, 41-годишниот Швајцарец сепак ќе игра во главната ждрепка и ќе добие можност да се збогува со турнирот каде што постигна еден од најголемите успеси во својата кариера.
Вавринка еднаш стигна до третото место на АТП листата, а освои три Грендслем титули – Австралија Опен во 2014 година, Ролан Гарос во 2015 година и САД Опен во 2016 година. Во ерата на Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Енди Марио, тој успеа да изгради кариера што го рангираше меѓу најдобрите тенисери на неговата генерација.
По неколку дена во кои се чинеше дека неговиот последен настап во Њујорк е веќе минато, Вавринка така го доби она што го сакаше – уште еден, последен УС Опен.
Да ве потсетиме, оваа година тој веќе играше на сите три преостанати грандслем турнири и се збогува со секој од нив на посебен начин.
Three-time Grand Slam and 2016 US Open men’s singles champion Stan Wawrinka will receive a singles main draw wild card into the 2026 US Open.
Patrick Kypson, previously awarded a main draw wild card, withdrew with an injury. pic.twitter.com/OzGGEUpEZm
— US Open Tennis (@usopen) August 26, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
