Во Бразил се случи скандал без преседан во женскиот футсал. За време на отворањето на Општинското првенство во футсал за жени во Еузебио, во второто полувреме од натпреварот меѓу РСН и РДЈ Спорт, дојде до инцидент поради кој мечот беше прекинат.
Имено, една футсалерка од РСН ја загуби топката, по што нејзината соиграчка грубо ја собори противничката, која остана да лежи на подот. Потоа, таа двапати ја удри противничката со нога во главата додека таа лежеше!
По првичните удари, футсалката од РДЈ Спорт, обидувајќи се да ја смири ситуацијата, доби удар со тупаница во лицето од играчката со број 10 од тимот на РСН. Таа потоа беше задржана од членовите на стручните штабови на двата тима.
По овој немил настан на теренот, судиите го прекинаа натпреварот. Натпреварот заврши со победа од 1-0 за РДЈ Спорт.
Во соопштението за јавноста, градскиот совет на Еузебио изрази жалење за инцидентот и наведе дека Спортската лига во футсал ѝ изрекла забрана за какви било спортски активности на виновничката во времетраење од пет години.
Jogadora agride adversárias com chutes e socos campeonato de futsal feminino no Ceará.
A violência ocorreu na quarta (22), no duelo entre o RDJ Sport e RSN (As Resenhas), em ginásio poliesportivo na cidade da região metropolitana de Fortaleza.
A agressão ocorreu no segundo… pic.twitter.com/dGKIl7kACA
— LIBERTA DEPRE (@liberta___depre) July 25, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
