Огромен успех: Иџе со трета титула европски шампион

Игор Стефановски – Иџе оствари нов извонреден успех закитувајќи се со титулата во европскиот шампионат на ридски патеки. Тој на најдобар можен начин стави печат на пехарот, доминирајќи на денешната трка што со возеше во Бузет, Хрватска, за негова седма победа на десетте овогодишни трки.

Ова е трета европска круна за Стефановски, откако првите две ги освои во 2014 и во 2015 година.

„Трикратен Европски Шампион, за мојата Македонија, за мојот народ, 2014/2015/2023. Бидете горди, испишавме нова историја – објави Иџе на своите профили на социјалните мрежи.

Се вчитува...