Огромна сензација на Ролан Гарос: Медведев елиминиран на стартот од 172. тенисер во светот!

Бразилецот Тијаго Сејбот Вајлд, 172. тенисер во светот, приреди огромна сензација на Ролан Гарос елиминирајќи го вториот носител Русинот Данил Медведев уште во 1. коло на Грандслем турнирот во Париз.

Бразилскиот тенисер, кој преку квалификациите се избори за место на главната ждрепка, приреди сензација ретко видена на најголемите светски турнири.

По голема битка во пет сета, и 4 часа и 15 минути игра, славеше против Медведев. Бразилецот го доби првиот сет со 7-6 (5), во вториот возврати Медведев исто така со 6-7(6), за да Русинот потоа го освои и третиот сет со 2-6.

Кога се чинеше дека Медведев по еден таков убедлив трет сет нема да има проблем за триумф, сепак Сејбот Вајлд ги доби следните два сета со 6-3 и 6-4 за најголема победа во својата кариера.

Се вчитува...