ОГРОМНОТО СРЦЕ НА НОВАК ЃОКОВИЌ: Донесе насмевка за малиот Петар, и ја ‘расплака’ Македонија (ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш го покажа своето огромно срце. Овој пат за момче од Македонија. Дознавајќи за прикриената желба на неговиот огромен обожавател Петар, едно младо момче од Македонија кое, поради бројни терапии, минува едно поразлично детство од своите врсници, без размислување испрати порака со поздрави и бакнеж за неговиот, како што вели, Пецо…

„Здраво Петре, Пецо мој… Како си? Ти испраќам еден голем поздрав, еден бакнеж и огромна прегратка од Белград. Се надевам дека наскоро ќе се видиме и ќе се запознаеме. Те сакам многу. Чувај се“ – вели Ноле во својот видео-поздрав до Петар.

 

А, Петар ја доби пораката преку својот татко Зоран Мијалков кој не штедеше зборови да искажа огромна благодарност за овој чин на Новак Ѓоковиќ.

Голема благодарност за Ноле. Кој не само што е најдобриот тенисер туку е пред се Човек со голема душа и срце. Благодарам од срце и душа што помогна мојот син Петар да има среќни моменти и насмевки додека те гледа како играш. Легна да спие насмеан. Инаку од новата терапија со денови се случува да нема насмевка на неговото лице“ – напиша Зоран Мијалков на својот Твитер профил и разбуди огромни емоции кај голем број лица од Македонија, но и поддржувачи на најдобриот светски тенисер.

 

Се вчитува...