Огура до прва победа во кариерата, нова голема грешка на Беѕеки

Јапонецот Аи Огура стигна до својата прва победа во кариерата откако славеше на трката за големата награда на Холандија во Мото ГП шампионатот. Јапонецот повторно беше најдобар на стари гуми и тоа му донесе убедлив триумф пред клупскиот колега Раул Фернандез.

Третото место му припадна на возачот на Аплрилија Хорхе Мартин кој со оваа позиција сега е водечки во генералниот пласман, бидејќи Марко Беѕеки не ја заврши и оваа трка, бидејќи имаше пад на стартот од трката.

На четвртото место заврши Диџантонио, додека петопласиран беше Алекс Маркез. Марк Маркез за кого уште еднаш се покажа дека Зандворт не е омилена патека заврши како шести, а во топ 10 се најдоа уште и: Бастианини, Квартараро, Биндер и Ринс.

Се вчитува...