Охрид без проблеми против Преспа во Купот на Македонија

Ракометарите на Охрид ја оправдаа фаворитската улога на мечот од 1. коло во Купот на Македонија против Преспа совладувајќи ја со убедливи 38-21. Охриѓани уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе на полувреме ги разрешија сите дилеми околу победникот откако по 30 минути играа имаа двојно повеќе постигнати погодоци од противникот (20-10).

Во второто полувреме избраниците на Раде Стојановиќ само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 38-21.

Наум Костов со девет гола беше најпрецизен кај побендикот, додека кај поразените Андреј Божиновски заврши со шест.

Куп на Македонија (МАЖИ) 

12/11, 19:00, Охрид – Преспа 38-21

12/11, 19:30, Металург – Јехона

13/11, 12:30, Голден Арт – Партизан Гевгелија

13/11, 13:00, Пролет – Кичево

13/11, 13:00, Јуниор КВ – Куманово

13/11, 14:00, Скопје – Текстилец

13/11, 14:30, Работнички – Драчево

13/11, 15:00, Македонија Ѓорче Петров – Струга

13/11, 16:00, Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА

13/11, 16:00, Астраион – Прилеп

13/11, 17:00, Борец – Тиквеш

13/11, 17:30, Бутел Скопје – Вардар Неготино

13/11, 19:00, Шампион – Еурофарм Пелистер

14/11, 12:00, Аеродром – Младост Богданци

14/11, 13:00, Алкалоид – Радовиш

Се вчитува...