Охрид е „лесен плен“ во АБА2 – лигата, пораз и од Теодо

Македонскиот претставник во втората јадранска лига Охрид го забележа и седмиот пораз во низа откако на свој терен претрпе нов убедлив пораз од екипата на Теодо Тиват. Гостите од Црна Гора заминаа со „лесен плен“ од „Билјанини извори“ при убедливи 101-82, кошаркарите на Петар Чочороски продолжуваат со лошата игра во регионалното натпреварување.

Охрид уште на стартот се најде во непријатна негатива, а веќе до крајот на првата четвртина гостинскиот состав направи високи +18. Домаќинот одвај успеваше да стигне до поени, а дозволија дури 33 во својот кош, знак дека следува нов дебакл. Екипата на Теодo до крајот на полувремето вкупно постигна импресивни 61 поен, иако овој пат охриѓани пружија поголем отпор, резултатот по две четвртини глаеше 61-40 во корист на тимот од Тиват. Охрид до крајот ги освои последните две четвртини со минимално 20-19, и потоа 22-21, но тоа не беше ни приближно доволно да се избегне нов пораз.

Реми Бери одново се истакна како најефикасен кошаркар кај охриѓани со 35 поени, додека  Михајло Секулиќ и Милош Поповиќ беа најрасположените играчи во гостинскиот состав со 18, одноно 16 поени.

Се вчитува...