Охрид го декласираше Еурофарм Пелистер 2 во Битола

Ракометарите на Охрид ја запишаа и осмата победа сезонава во 11. коло од Групата А во Суперлигата на Македонија, триумфирајќи убедливо на гостувањето против Е. Пелистер 2.

Охриѓани славеа со 19-29 (7-15) во натпревар во кој уште од самиот старт беше познато дека гостите нема да дозволат никакво изненадување на дуелот на кој лесно дојдоа до конечната победа.

Со оваа победа Охрдид се зацврсти на третата позиција на табелата, а вториот тим на Е. Пелистер остана на шестото место со три победи и осум порази.

Се вчитува...