Охрид го доби и „езерското куп дерби“ против Струга

Охрид триумфираше над Струга со 22-17 во четвртфиналната Г група во Купот на Македонија. Уше од самиот старт охриѓани го контролираа резултатот и на полувреме заминаа со предност од плус четири 7-11.

Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни 22-17. Најефикасен во таборот на победникот беше Никола Ристески со седум гола, додека кај стружани Богдан Николиќ заврши со четири.

Во финалето од Г групата Охрид го чека подобриот од мечот меѓу Јуниор Кисела Вода и Бутел.

Се вчитува...