Охрид го „здрма“ Силекс со мајсторска акција за 1-0, но кратовци израмнија пред полувремето (ВИДЕО)

Второлигашот Охрид и кратовски Силекс имаат 1-1 на полувремето од првиот меч во полуфиналето во Купот на Македонија.

На дуелот кој се игра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, домашните сосема заслужено успеаја да изненадат уште еден прволигаш во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Охриѓани поведоа по мајсторска акција на половина тим во 35. минута, која убаво од непосредна близина ја круниса најдобриот стрелец на Охрид, Иван Глигоров, а на асистенција на Бакрачески.

Претходно, Силекс имаше две убави шанси во 32. и во 33. минута, но од непосредна близина не успеаја да реализираат Мирчевски и Алиќ.

За да, конечно во првата минута од судиското продолжение Силекс успее да искористи една од своите шанси. Одлчно по левата страна се проби Дарко Додев, нафрли пред голот на домашните каде Ади Алиќ со глава стрелаше во мрежата на охриѓани за 1-1 по првите 45 минути.

Се вчитува...