Французинот Адама Кеита потпиша со ГРК Охрид за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028. Игра на позицијата лево крило, има 28 години (186 cm) и ќе ја облече деветката во сино-белиот дрес.
Доаѓа од тимот на АЕК (Грција), а пред тоа цели 8 сезони го носеше дресот на големиот ПСЖ (Франција) со кој има премногу освоени титули. Има настапи за сите младински категории за националниот тим на Франција и освоен бронзен медал на светското јуниорско првенство 2017.
„Започнува ново поглавје за мене. Горд сум што му се приклучувам на ГРК Охрид и што ја започнувам оваа нова авантура во Македонија. Му благодарам на клубот за довербата што ми ја укажа. Доаѓам со голема желба, амбиција и волја да го дадам максимумот на теренот за боите на клубот. Со нетрпение очекувам да започнам и да се запознаам со нашите навивачи.”, изјави Адама Кеита.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
