Охрид го преслуша Черноморец за третo место на турнирот во Бугарија

Кошаркарите на Охрид триумфираа над Черноморец со убедливи 81-67, освојувајќи го третото место на турнирот што се одржува во Самоков, Бугарија.

Избраниците на Марјан Илиевски во полуфиналето загубија од фаворитот ПАОК, но на денешното „мало финале“ не дозволија победата да им биде доведена во прашање, го контролираа резултатот и на крајот заслужено стигнаа до двоцифрен триумф.

Мијатовиќ и Џексон со по 16 поени беа најефикасни во таборот на охриѓани, а двоцифрен ефект имаа уште и Мекиќ и Пенов.

Победник на турнирот беше домаќинот Рилски спортист, кој во големото финале славеше над ПАОК со 87-86.

Се вчитува...