Охрид и Струга ТЛ поради лоши временски услови го прекинаа тест-дуелот

Охрид и Струга ТЛ не успеаја до крај да го одиграат пријателскиот натпревар денеска на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид прекинувајќи го во 73. минута поради лоши временски услови.

Првото полувреме заврши со предност на стружани од 1-2, а во вториот дел Струга ТЛ постигна уште еден погодок за 1-3 до моментот на прекин. Новите засилувања Бесарт Ибраими и Фатјон Јусуфи беа стрелци за стружани во првиот дел, а Абдулхади Јахја погоди во второто полувреме.

Поради обилните врнежи од дожд во Охрид, двете екипи се договорија тест-дуелот да биде прекинат.

Се вчитува...