Охрид ја доби битката за второто место против Тиквеш

Ракометарите на Охрид славеа триумф над Тиквеш на домашен терен со 36-31, и така се вклучија во трката за второто место во групата А во Супер Лигата. Охридѓани со оваа победа имаат меѓусебен подобар дуел од кавадарчани, и покрај тоа што загубија во Кавадарци со 32-30.

Домаќините уште од стртот стигнаа до предност, но гостите на два пати израмнуваа, а потоа се одлепија, што беше тешко достижно за Тиквеш.

Во вториот дел во еден миг Охрид се одлепи на плус шест, што се чинеше и дефинитивно ја запечатија судбината на гостите.

Во победничкиот тим Цирар постигна девет гола, додека Стефановиќ кај Тиквеш имаше седум гола.

Се вчитува...