Охрид ја потврди лидерската позиција

Ракометарите на Охрид со победа на гостински терен против Радовиш со 25-33 во последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната во Супер лигата, ја потврдија лидерската позиција на табелата пред стартот на плеј-офот.

Охриѓани ја оправдаа фаворитската улога во овој дуел и рутински стигнаа до 14 победа сезонава. Уште по првиот дел, избраниците на тренерот Горан Андоновски имаа водство од 11-17 и ја сочуваа предноста до крај.

Во вториот денешен натпревар, Прилеп и Металург 2 одиграа нерешено 36-36.

По завршувањето на регуларниот дел од сусперлигашката сезона познат е и конечниот поредок на табелата. Место во плеј-офот обезбедија Охрид, Пелистер, Еурофарм Работник и Борец, на кои им се приклучуваат Вардар и Металург.

Табела: Охрид 43, Пелистер 43, Еурофарм Работник 40, Борец 29, Радовиш 25, Пролет 25, Прилеп 24, Металург 2 19, Вардар јуниор 14, Работнички 0.

Се вчитува...