Охрид ќе има голема поддршка од „Рибари“ – „Грми“ Лихнида во Татабања (ВИДЕО)

Ракометарите на Охрид денеска (17 часот) на гостувањето против Татабања во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп го стартуваат својот историски поход по првиот трофеј во клупската историја!

Огромен е мотивот меѓу избраниците на Ројевиќ да дојдат до позитивен резултат со кој ќе си го олеснат патот до титулата пред реваншот во Охрид за седум дена.

А, на тој пат до посакуваниот трофеј охриѓани ќе имаат и голема поддршка од своите „Рибари“ кои се во Татабања и веќе ја загреаја фан-зоната во Словачка, на околу три часа пред стартот на европското финале…

Се вчитува...