Ракометарите на Охрид денеска (17 часот) на гостувањето против Татабања во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп го стартуваат својот историски поход по првиот трофеј во клупската историја!
Огромен е мотивот меѓу избраниците на Ројевиќ да дојдат до позитивен резултат со кој ќе си го олеснат патот до титулата пред реваншот во Охрид за седум дена.
„Не очекува тежок натпревар во недела, влогот е голем, титула во Европа. Според мене играме против една одлична екипа и мислам дека во финалето нема фаворит и трофејот ќе го крене тој што ќе има поголема желба. Ќе се обидеме да изиграме што подобро и со што подобар резултат да се вратиме во Охрид“ – изјави пред денешното финалее ракометарот на охриѓани, Дарко Ѓукиќ.
Натпреварот меѓу Татабања и Охрид денеска се игра со почеток од 17 часот.
Реванш натпреварот се игра во Охрид во СЦ „Билјанини извори“ на 31 мај со почеток во 20 часот. Билетите за натпреварот во Охрид се целосно распродадени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
