Ракометарите на актуелниот освојувач на ЕХФ купот, ГРК Охрид стигнаа до првата победа на 54. издание на турнирот во Струга откако вечерва во „езерското дерби“ славеше над домаќинот со 24-37.
Стружани одиграа солидно прво полувреме во кое играа во егал со големиот ривал, па на пауза заминаа со негатива од само три гола 13-16. Сепак, во вториот дел се покажа разликата во квалитет, па гостите на крајот славеа со убедливи 24-37.
Во првиот натпревар од денешната програма Вардар ја оправда фаворитската улога против Прилеп (39-29).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
