Охрид се засили со тројца нови ракометари

РК Охрид го дополни играчкиот состав со три нови засилувања пред стартот на новата сезона во домашната Супер лига. Нови имиња во охридскиот тим се бековите Борче Соколов и Лазар Петровиќ и голманот Јагош Брауновиќ.

Соколов и претходно две сезони настапуваше за РК Охрид и сега одново се враќа во составот, а Петровиќ и  Брауновиќ го дополнуваат ростерот на десната бековска и на голманската позиција.

Преходно, РК Охрид ја продолжи соработката со Крсте Андоновски, Иван Тасески, Бобан Блажески и со Славиша Димитријески, а ново име е Златко Везенковски кој дојде од Пелистер.

Тренерот Горан Андоновски, првата прозивка пред стартот на подготовките за новата сезона ќе ја има на 8 август.

фото: Ohridnews

Се вчитува...