Охрид со нова убедлива победа и на реваншот против Слога во ЕХФ Европскиот Куп

Ракометарите на Охрид и на реваншот против Слога Добој, триумфираа убедливо и се пласираа во 1/8 финалето на ЕХФ Европскиот Куп. Охриѓани запишаа нова победа, овој пат со 18:42, и со вкупни 37:79 се пласираа во следната фаза.

Македонскиот претставник имаше предност од првата минута, и како одминуваше времето само ја зголемуваше. Пред самиот крај стигна до најубедливите 25 голови разлика, а на крајот само противникот успеа да ублажи.

Давид Савревски беше најефикасен со девет постигнати голови, додела Лиапис постигна пет. Кај поразениот тим Џенадија постигна пет.

Се вчитува...