Ракометарите на ГРК Охрид со сигурна победа над Тиквеш од … го завршија настапот во најдобрата за нив сезона во историјата на ракометната Суперлига на Македонија.
Охриѓани одлично го отворија натпреварот и веќе на пауза меѓу двете полувремиња имаа сигурна предност од 12-17. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од … Дури четворица ракометари на Охрид постигнаа по четири гола (Јасухира, Софкоски, Лиапис, Бојаниќ), додека кај поразените недоволни беа 10 гола на Томче Стојановски.
Сега охриѓани ги очекува историскиот натпревар на домашен терен против Татабања во финалето на ЕХФ купот каде во СЦ „Билјанини извори“ ќе се обиде да ја одбрани позитивата од еден гол од првиот меч одигран во Унгарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
