Ракометарите на Охрид повторно се вратија на втората позиција на табелата во плеј-оф разигрувањето од Суперлигата на Македонија, откако во последниот натпревар од 28. коло очекувано славеа против Бутел со 31-26.
Победата на охриѓани пред своите навивачи дојде благодарение на подобрата игра во второто полувреме.
Првиот дуел заврши без предност за било која од екипите, 16-16.
Но, во второто полувреме далеку подобра игра во офанзивата за фаворитот, па на крај заслужена победа.
Најефикасен кај Охрид беше Ален Ќосевски со 9 гола, а шест запиша Дејан Кукуловски. Со пет погодоци мечот го заврши Анте Иванковиќ.
Кај Бутел, најдобар беше Михајловиќ со седум гола.
Охрид сега со 46 бода повторно е на второто место, со ист број бодови колку и Е. Пелистер, а зад лидерот Вардар кој е со 54 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

