Охрид убедливо против Аеродром за десетта победа сезонава

Ракометарите на Охрид без никакви проблеми триуфираа против Аеродром со 30-37, во 13. коло од Групата А во Суперлигата на Македонија.

По почетната израмнетост во игра низ првите 15 минути, потоа се беше во знакот на охриѓани кои презедоа целосна контрола на играта и на резултатот.

Па, на полувреме се замина со предност од 15-22 за Охрид и веќе беше јасно дека Аеродром нема да има сила за изненадување. Во второто полувреме избраниците на Стевче Алушовски само рутински го одржуваа водството на крај за конечна победа од 30-37, и покрај тоа што во последните минути испиштија и победа од 11 гола разлика откако „аеродромци“ имаа серија од четири гола по ред.

Со оваа десетта победа сезона, Охрид се израмни на втората позиција во Групата А заедно со Тиквеш. На врвот е Алкалоид со 13 победи од исто толку натпревари сезонава. Аеродром остана на петтото место на табелата во Групата А со четири победи, едно реми и осум порази.

 

Се вчитува...