Охридски „вулкан“ за финалето: Цела сала „Билјанини Извори“ распродадена за 15 минути

Охрид за нецели 15 минути ги распродаде сите билети за големото финале од ЕХФ Европскиот куп, поточно за реваншот што македонскиот претставник на 31 мај ќе го игра против унгарска Татабања.

Првиот меч се игра викендов во Унгарија, а новиот освојувач на трофејот во ЕХФ Европскиот куп (наследникот на македонскиот Алкалоид) ќе биде познат на 31 мај, по одигрувањето на реваншот закажан со почеток во 20 часот.

Јасно беше дека салата ќе биде преполна, но ниту најголемите оптимисти не очекуваа распродажба на сите билети за само 15 минути, апсолутен рекорд кога станува збор за охридскиот клуб во неговата историја.

Нема сомнеж, навивачите ќе им дадат огромна поддршка на избраниците на тренерот Ројевиќ, а останува да се надеваме дека ќе има и шампионско славје на крајот, па Македонија втора година по ред ќе има освојувач на европски ракометен пехар.

Се вчитува...