Охриѓанецот Џеди Осман го продолжи договорот со Кливленд

Турскиот кошаркар со потекло од Охрид, Џеди Осман го продолжи договорот со тимот на Кливленд Кавалиерс на уште четири години, период во кој ќе заработи 31 милион долари. Во првите две години во НБА, Осман вкупно одигра 151 натпревар, а минатата сезона просечно бележеше по 13 поени, 4,7 скока и 2,6 асистенции.

На драфтот во 2015 година беше избран за 31 пик, а пред заминувањето во НБА го носеше дресот на турскиот Анадолу Ефес.

 

Се вчитува...