Охриѓанецот Џеди Осман со македонско знаме на Олстар-викендот (ФОТО)

Кошаркарот со македонско потекло Џеди Осман, кој е родум од Охрид, ќе настапи на Олстар викендот во НБА – лигата со патики со македонско знаме. Тој го носи дресот на Кливленд, а ќе биде дел од натпреварот меѓу остатокот од Светот тимот на САД, во дуелот на „ѕвездите во подем“.

Џеди Осман е репрезентативец на Турција, но не ја заборава својата родна држава. Едната патика е со турско, а другата со македонско знаме.

Се вчитува...