Охриѓанецот Осман потпиша за солунски ПАОК

Турскиот репрезентативец Џеди Осман потпиша за грчки ПАОК.

Родениот охриѓанец откако го напушти Панатинаикос потпиша тригодишен договор со екипата од Солун.

Осман, според грчките медиуми, ќе заработува три милиони евра по сезона.

Минатата сезона во дресот на Панатинаикос постигнуваше просечно 12,9 поени во Евролигата, како и 11,2 поени во грчкото првенство.

Се вчитува...