Охриѓани ја распродадоа салата за реваншот со Целје

Пет дена пред полуфиналниот реванш натпревар од ЕХФ Европскиот Куп, екипата на Охрид ја распродаде салата „Билјанини Избори“ за реваншот против Целје.

Тоа значи дека Охрид ќе ја има максималната поддршка во обидот да обезбеди учество во финалето на ова натпреварување.

Реваншот е на програмата на 2. мај во 19:00 часот. По првиот меч, Словенците имаат предност од еден гол (27-26), а ако сакаат пласман во финалето, тогаш Охрид мора да триумфира со два гола разлика или повеќе.

Се вчитува...