Охриѓани лесно го oсвоија Велес

Ракометарите на Охрид забележаа нова победа во плејофот, откако лесно и рутински триумфираа на дуелот против Борец, во Велес со 27-33. За охриѓани ова беше четврта победа во седмото коло од плејофот, со што оваа екипа направи уште еден значаен чекор напред кон излез во европските купови во следната сезона.

Гостинскиот тим лесно го скрши отпорот на домаќините откако за десет минути игра поведе со2-6, а потоа имаше и предност од 3-9. Борец за момент се консолидираше и на полувреме се замина со само три гола разлика (12-15), по што гостите во второто полувреме уште повеќе се приближија (21-22).

Сепак, тоа беше се што велешани успеаја да сторат, ракометарите на Охрид фуриозно ги одиграа последните петнаесетина минути и заслужено стигнаа до триумф од 27-33.

Се вчитува...