Кошаркарите на Охрид го претрпеа и вториот пораз на турнирот во Ботевград, откако попладнево по голема битка загубија од Берое со резултат 88-84.
Избраниците на Марјан Илиевски прикажаа уште подобра игра во однос на вчерашниот дуел со Балкан, одлично парираа се до самиот крај, но не успеаја да стигнат до позитивен резултат. Прецизниот удар од далечина беше силно оружје на охриѓани, кои погодија девет тројки само во првото полувреме и на одмор заминаа со предност од 47-46. Во финишот на сцена стапија и судиите, па поради приговор исклучен беше тренерот Илиевски, откако бугарските арбитри во вчерашното полуфинале предвреме ги исклучија Мијатовиќ и Лефкоски.
Во неизвесна завршница поумешни сепак беа кошаркарите на Берое, кои го освоија третото место на турнирот „Георги Христов“, на кој во големото финале се среќаваат Балкан и Рилски Спортист.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА