Охриѓани супериорно го освоија Велес

Ракометарите на Охрид забележаа нова победа во Супер-лигата, овојпат на гостински терен против екипата на Борец со убедливи 26-41. Велешани се соочуваат со огромни проблеми, тоа е очигледно па Охрид иако со нешто послаб тим во однос на претходните години сепак рутински си ја одработе задачата на ова гостување.

Само десетина минути беа доволни за гостите да поведат со 3-8 и да стават до знаење дека во денешниот меч ќе нема неизвесност, како што минуваше времето така и предноста растеше, на одмор се замина со 12-20, за охриѓани на крајот да слават со конечни 15 гола разлика.

Бобан Блажески постигна 11 и заедно со Андоноски и Гееоргиески со по седум гола беа најефикасни во победничкиот тим, додека најдобар стрелец кај Борец беше Кристијан Ристов со седум погодоци.

Се вчитува...