Ојлевски: Среќен сум што дадов „рака“ за Македонија да игра на уште едно ЕП

Гоце Ојлески по неколку години пауза повторно го облече репрезентативниот дрес, помагајќи на клучните средби со Естонија и со Литванија да стигнеме до билет за ЕП 2026. Искусното лево крило дојде на помош во ситуација кога повреден е Цветан Кузманоски, максимално користејќи ја минутажата добиена од селекторот и со своето искуство помагајќи да останеме смирени и по слабиот старт на мечот.

„Како и секогаш, тука сум за репрезентацијата, да помогнам кога ќе бидам повикан да дадам свој придонес. Среќен сум што дадов една „рака“, помогнав да се пласираме на ова Европско првенство“, задоволен беше Ојлески по синоќешнот триумф.

Искусниот крилен ракометар се осврна и на мини-подготовките за овој двомеч, кои беа одработени на највисоко ниво и го дадоа посакуваниот резултат.

„Стручниот штаб си ја знаеше работата, бевеме фокусирани само на нашите мечеви, се подготвувавме натпревар за натпревар. Не размислувавме многу за дуелот Литванија – Словенија, сакавме ние да одиграме најдобро што можеме во Талин, да го покажеме нашето лице. Одигравме два одлични натпревари и во Естонија и тука и заслужено сме на ЕП. Македонија секако дека заслужува да биде дел од континенталниот ракометем собир“, порача 35-годишниот Ојлески.

Се вчитува...