„Океј, сите сте против мене – сега ќе умрете, а јас ќе го е*ам“

Францускиот тенисер Жил Симон света дека ништо не може да се случи Новак Ѓоковиќ да биде поценет од Роџер Федерер. Симон застана на страна на првиот тенисер во светот откако беше на мета на јавноста поради „Адриа тур“ кој го организираше во време на пандемија. Тој вели дека ситуацијата е таква што мора Ноле да се помири со тоа што Роџер е посакан од него.

„Едноставно мора да се прифати дека Роџер не е Роџер само за тенисот, туку и за целиот свет. Тој е најсакан спортист и не може да се борите против тоа. Дури и Ѓоковиќ да освои 25 или 30 грен-слема и да каже дека е најдобар, пак Роџер ќе го сакаат повеќе. На пример на Вимблдон минатата година Новак гледа дека е помалку сакан, но неговата големина е во тоа што самиот си кажува „Океј, сите сте против мене… сега ќе умрете, а јас ќе го е**м“. Во тој момент Ноле е непобедлив“, вели Симон. 

Покрај Новак меѓу тенисерите кои се заразија со коронавирус на „Адриа тур“ се и Григор Димитров, Борна Чориќ и Виктор Троицки.

Се вчитува...