Оклахома без важен кошаркар во „мајсторката“ против Сан Антонио

Оклахома Сити нема да биде комплетна во одлучувачкиот седми натпревар од финалето на Западната конференција, бидејќи Џејлен Вилијамс ќе го пропушти натпреварот што ќе го одлучи противникот на Њујорк никс во финалето на НБА.

Поради неговото отсуство, уште поголем товар ќе падне врз рамената на Шаи Гилџс-Александар, кој ќе мора да ги предводи Тандер во најважниот меч во сезоната.

Седмиот натпревар од финалето на Западната конференција ќе се игра ноќта помеѓу сабота и недела во 02:30 часот по средноевропско време.

Се вчитува...