Оклахома го чува најдоброто – 200 милиони долари за Вестбрук!

Раководството на Оклахома сити тандерс подготвува мега-понуда за нивниот најдобар играч, Расел Вестбрук. Стравот да не се повтори минатогодишното сценарио со Кевин Дурант, Оклахома ќе се обиде да го задржи Вестбрук со максимален договор, вреден 200 милиони долари. Доколку Вестбрук прифати, договорот ќе му започне од сезоната 2017/18.

Најкорисниот кошаркар во лигата за сезоната 2016/17, доколку не се согласи на продолжување на соработката, ќе биде слободен играч следното лето, па затоа клубот прави се’ што може за Вестбрук да остане во западната франшиза. Крајниот рок за потпишување на договорот е 16. октомври, односно почетокот на новата сезона.

Во најлошото сценарио Оклахома ќе ги изгуби двајцата најдобри играчи во тимот, бидејќи новото засилување, Пол Џорџ потпиша само едногодишен договор со опција да го продолжи, но неговото останување зависи од Вестбрук.

Се вчитува...