Оклахома го сруши Сан Антонио, Вестбрук го стигна Чембрлен

Расел Вестбрук продолжува со фасцинантниот ефект сезонава запишувајќи го 31-от „трипл-дабл“ во домашната победа на Оклахома над Сан Антонио од 102-92.

Најдобриот кошаркар на Оклахома во победата на својот тим вгради 23 поени, и по 13 скока и асистенции, па се израмни со легендарниот Вилт Чембрлен по бројот на „трипл-дабл“ во една сезона. Рекордот е и натаму во сопственост на Оскар Робертсон, кој во сезоната 1961/62 запиша дури 41 „трипл-дабл“.

Оклахома во своите редови имаше уште четворица кошаркари со двоцифрен ефект. Оладипо постигна 20 поени, додека Канте покрај 14 поени имаше и 10 скока. Спарси, по обичај, ги предводеше Кавај Леонард со 19 поени.

Леброн Џејмс и Кливленд, пак, загубија со 106-101 на гостувањето против Детроит, додека ЛА Клиперс славеше на гостувањето против Мемфис со 98-114. Портланд по продолжение беше подобар од Филаделфија со 114-108, додека ЛА Лејкерс со 122-110 славеше на гостувањето против Феникс.

Се вчитува...