Оклахома не се предава без борба

Двата порази во Портланд беа само мотив повеќе за кошаркарите на Оклахома сити со максимално ангажирана игра да возвратат на првиот домашен натпревар и да ја намалат негативата во оваа плејоф-серија. Оклахома славеше на синоќешниот дуел со 120-108, а во главна улога беше Расел Вестбрук, кој забележа 33 и 11 асистенции. Пол Џорџ беше стрелец на 22 поени за победничкиот тим, а Џереми Грант учествуваше со 18 поени во овој триумф на Оклахома.

Лилард го заврши мечот со 32 поени за Портланд, но само три од нив во последната четвртина, откако претходно „експлодираше“ во третиот период со 25 поени.

Бостон поведе со 3-0 во серијата против Индијана, добивајќи го и првиот гостински натпревар со резултат 96-104. Џејлен Браун имаше 23 поени во овој триумф на Бостон, додека Кајри Ирвинг реализираше 19 поени и 10 асистенции.

Торонто има предност од 2-1 во серијата со Орландл откако „рептилите“ како гости славеа на гостувањето во Флорида со 93-98, пред се благодарение на одличниот Сиакам и неговите 30 поени и 11 скокови.

Се вчитува...