Оклахома се избори за мајсторка, Мајами почна со победа во полуфиналето (ВИДЕО)

Победникот во серијата од почетната плеј-оф рунда меѓу Оклахома и Хјустон ќе биде одлучен преку мајсторка во седмиот меѓусебен натпревар, откако синоќа во шестиот меч Оклахома славеше со 104-100.

Крис Пол со 28 поени беше најдобар кај Оклахома, а Галинари постигна 25 поени. Во составот на Хјустон, Харден заврши со 32 поени.

Кошаркарите на Мајами, пак со 115-104 го совладаа Милвоки и со триумф ги започнаа полуфиналните мечеви во Источната конференција.

Батлер беше предводикот на Мајами постигнувајќи фантастични 40 поени. Во редовите на Милвоки најефикасен беше Мидлтон со 28 поени а Адетокумбо мечот го заврши со 18 поени.

Се вчитува...