Оклахома славеше во дербито против Денвер Нагетс

Оклахома сити тандер славеше на домашен терен против Денвер нагетс со 127-103 во дербито на Западната конференција како дел од првиот натпревар од денешната програма во НБА лигата.

Освен првата четвртина која гостите ја добија со еден поен разлика (28-29) најдобриот тим во лигата го контролираше целиот меч и на крајот заслужено стигна до нова победа сезонава.

Шеј Гилџс Александер повторно беше најдобар поединец кај победникот завршувајќи го мечот со 44 поени, додека кај поразените Никола Јокиќ заврши со 24 поени надополнети со 13 скока и девет асистенции.

Се вчитува...