Македонскиот фудбалски прволигаш ГФК Тиквеш официјално го претстави своето најново засилување, младиот и талентиран фудбалер Октај Ракипи.
Од таборот на кавадаречкиот тим со големо задоволство ја потврдија соработката со Ракипи, опишувајќи го како амбициозен и технички поткован играч кој совршено се вклопува во долгорочната визија на клубот. Од раководството на Тиквеш веруваат дека неговата работна етика и квалитет ќе донесат дополнителна енергија во црвено-белиот дрес.
„Веруваме дека ова е само почеток на едно успешно заедничко поглавје. Добредојде во Кавадарци, Октај!“, порачаа од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
