Македонскиот голман Столе Димитриевски се најде во потесниот избор на Ла Лига за најдобра одбрана на сезоната.
Шпанското фудбалско првенство официјално објави дека неговата бравурозна парада на натпреварот против Севилја е вклучена во топ-5 интервенциите, за кои фановите набрзо ќе можат да гласаат.
Димитриевски одигра фантастичен втор дел од сезоната, каде со низа клучни одбрани директно му помогна на својот клуб Валенсија да обезбеди опстанок во елитата. Поради огромното влијание врз играта од јануари наваму, голем дел од навивачите веќе го сметаат македонскиот чувар на мрежата за играч на сезоната на клубот.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
