Олеснување во ПСЖ – повредата на Нејмар не е сериозна

Повредата што Нејмар ја заработи на последниот дуел од ЛШ против Башакшехир не е од посериозен карактер, покажаа лекарските прегледи врз бразилскиот голгетер, кој сепак ќе мора да отсуствува извесен период од терените. Томас Тухел стравуваше од подолга пауза, но за среќа не станува збор за кинење на мускулот, па Нејмар набрзо би можел да се врати во таборот на „светците“.

Деталните прегледи утврдија дека станува збор за истегнување на мускулот, а препораката на лекарите е Нејмар да отсуствува од терените околу две седмици. Ова значи дека Бразилецот ќе го пропушти следниот дуел против Нант, потоа пресметката со Лајпциг во Лигата на шампионите, како и дерби-мечот од француското првенство против Рен на 7 ноември. Тој најверојатно нема да биде повикан ниту од бразилскиот селектор , а најреална прогноза е Нејмар да се врати на терените по репрезентативната пауза.

За очекување е во отсуство на Нејмар шанса во стартниот тим да добие Сарабија.

Се вчитува...