Олимпија остана без важен играч пред дуелот со МЗТ Скопје

Карпош соколи пред два дена стигна до  прва победа на гостински терен во АБА-лигата над Унион Олимпија, а претстојниот викенд по стапките на градскиот ривал ќе се обиде да тргне и МЗТ Скопје. Македонскиот првак е без триумф надвор од Скопје сезонава, моментно се наоѓа на делба на последното место на табелата, па избраниците на Анте Назор се свесни дека мечот во Љубљана е еден од оние на кои може многу да се добие и конечно да се побегне од дното.

Во нивни прилог оди и фактот дека Олимпија на неделниот натпревар ќе настапи без еден од своите најдобри кошаркари. Станува збор за Американецот Брендон Џеферсон, кој во самиот финиш од дуелот со Карпош соколи заработи незгодна повреда на скочниот зглоб. Вчерашните лекарски прегледи покажале дека повредата не е нималку наивна, а Џеферсон ќе пропушти неколку значајни натпревари за Олимпија, почнувајќи од овој неделниот против МЗТ Скопје.

Американецот го заврши натпреварот со Карпош соколи со 17 поени и 7 асистенции, а на последните 14 средби на Унион Олимпија редовно стигнувал до двоцифрен број на поени.

Се вчитува...