Олимпијакос го награди Барцокас со повеќемилионски договор

Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, потпиша нов тригодишен договор со клубот од Пиреја, а грчките медиуми ги откриваат и финансиските детали од соработката.

Искусниот стручњак ќе заработува околу два милиони евра годишно според новиот договор, што значи дека вкупната вредност на соработката ќе достигне речиси шест милиони евра.

Ова претставува значително зголемување во споредба со претходниот договор, според кој Барцокас инкасираше нешто повеќе од еден милион евра по сезона.

Олимпијакос има сезона од соништата зад себе. Клубот стигна до петтиот едноподруго Фајналфор на Евролигата, а потоа конечно ја освои европската титула, првата по 13 години чекање.

Тимот од Пиреја ја заврши сезоната со уште еден трофеј, бидејќи го победи Панатинаикос со 3-2 во финалната серија од грчкото првенство.

Барцокас со тоа дополнително го зацврсти статусот на една од најголемите тренерски легенди на Олимпијакос.

Откако се врати на клупата во 2020 година, тој го предводеше клубот до една титула во Евролигата, четири шампионски трофеи на Грција, три национални купа и четири Суперкупа на Грција.

Се вчитува...