Олимпијакос и Селка во финалето од турнирот „Боро Чурлевски“

Грчкиот претставник Олимпијакос и турскиот прволигаш Селка ќе се сретнат во финалето од првото издание од турнирот „Боро Чурлевски“ што се одржува во Битола, откако овие две екипи ги освоија првите места во своите групи.

Олимпијакос по стартната победа над Пелистер денеска славеше и во пресметката со француски Шербур, со минимални 26-25. Во втората група Селка, во чии редови настапува и Македонецот Никола Костески, денеска се сретна со Бутел и во офанзивен натпревар забележа заслужен триумф од 38-34.

Во мечот за третото место утре Шербур од Франција ќе игра со Кокс од Финска, додека двете македонски екипи, Пелистер и Бутел ќе се сретнат во битка за петтата позиција и избегнување на „фенерот“ на овој турнир.

Се вчитува...