Олимпијакос ја освои Москва

Грчкиот тим Олимпијакос му го нанесе првиот пораз на европскиот првак ЦСКА Москва, откако славеше со 79-84. Клучен фактор за триумфот на гостите беше втората четвртина која Олимпијакос ја доби со десет поени разлика (15-25).

Брендон Пол со 20 поени и Кевин Пунтер со 16 поени го предводеа тимот на Кестутис Кемзура до триумфот.

Во редовите на ЦСКА Москва, најефикасен кошаркар беше Мајк Џејмс со 22 поени, додека Кајл Хајнс постигна 19.

Се вчитува...